📽️ ХАНИБАЛ ЛЕКТОР ЈА ПОКАНИ КИМ КАРДАШИЈАН НА ВЕЧЕРА Ентони Хопкинс се потсмева со новата маска за лице на старлетата

Легендарниор актер Ентони Хопкинс (87), се потсмеваше на новиот производ на брендот „СКИМС“, чиј сопственик е старлетата Ким Кардашијан.

3,336

Легендарниор актер Ентони Хопкинс (87), се потсмеваше на новиот производ на брендот „СКИМС“, чиј сопственик е старлетата Ким Кардашијан.

Новиот производ од линијата на долна облека за обликување на телото, кој е наменет за лице наречен „Ултимативно лице“ (Ultimate Face) на Кардашијан ги остави обожавателите во шок бидејќи го споредија со маската против каснување на негативецот Лектор од култниот филм „Кога јагнињата ќе замолчат“ што ја носеше Хопкинс во филмот од 1991 година.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Хопкинс, кој освои Оскар за улогата на канибал во филмот „Кога јагнињата ќе замолчат“, стави маска на лицето и се пошегува: „Ти благодарам, Ким. Не плаши се да дојдеш на вечера“. „Здраво Ким, се чувствувам веќе 10 години помлад. Довидување“.

Коментарите беа полни со смеа и воодушевување од фановите и публиката.

„Ова е причината зошто постои интернетот, многу смешно“, „Не очекував Ентони Хопкинс да се потсмева на Ким“, „Брилијантно, те обожавам“, „Никогаш нема да го избришам Инстаграм поради тебе“ – напишаа фановите.

Ким Кардашијан продава маска за обликување на лице како дел од нејзиниот бренд „СКИМС“. Со овој потег, таа докажа дека на жените ширум светот им се наметнуваат нереални стандарди за убавина.
Оваа маска за лицето, Seamless Sculpt Face Wrap, чини 48 долари, а нејзината намена е да ви ги вовлече образите и да ја обликува линијата на вашата вилица додека спиете. Се закопчува на врвот од главата и позади, на вратот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Поврзани содржини