Хан најавува буџет на ЕУ со посилна моќ

Она со што ќе излеземе е предлог за модифициран буџет кој предвидува, особено во првите три до четири години, буџет со јасно поголем обем на инвестиции - најави Хан.

251

Еврокомесарот Јоханес Хан најави буџет на ЕУ со јасно посилна моќ за следните три до четири години, со цел да се отстранат последиците од кризата со коронавирусот и да се преземат потребните инвестиции.

Досегашните предлози за следниот повеќегодишен буџет мора да се прилагодат за да се стабилизира Европа, рече Хан во изјавата за агенцијата АПА.






Шефовите на држави и влади во четвртокот и наложија на Европската комисија да изготви прилагоден нацрт-буџет и план за финансирање на Фондот за обнова.

– Она со што ќе излеземе е предлог за модифициран буџет кој предвидува, особено во првите три до четири години, буџет со јасно поголем обем на инвестиции – најави Хан.

Европската комисија ќе го претстави својот предлог за новиот буџет најдоцна до средината на мај, по што ќе следат преговори со членките и со Европскиот парламент.

Поврзани содржини