ХАМИЛТОН СЕ БАПНА ВО АЛОНСО, ВЕРСТАПЕН ПОБЕДИ Ред Бул е двоен победник во Белгија (ВИДЕО)
Двајцата возачи се вратија на патеката „Спа“ по судирот. Сепак, имаше технички проблеми со болидот на Хамилтон. По влегувањето во боксот, беше одлучено Британецот да не ја продолжи трката и да се повлече од патеката.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се судри со возачот на Алпин, Фернандо Алонсо на стартот на трката од Формула 1 шампионатот што се вози за Големата награда на Белгија. Со тоа тие му ја обезбедија победата на Макс Верстапен од Ред Бул, кој е и актуелен светски шампион во Формула 1.
Lewis Hamilton got some air during his crash 😳pic.twitter.com/ayZqsGETKw
— Action Network (@ActionNetworkHQ) August 28, 2022
Двајцата возачи се вратија на патеката „Спа“ по судирот. Сепак, имаше технички проблеми со болидот на Хамилтон. По влегувањето во боксот, беше одлучено Британецот да не ја продолжи трката и да се повлече од патеката. Алонсо му мафна на Хамилтон по ударот.
Наградата отиде кај Верстапен, а ова е двоен успех на Ред Бул со оглед на второто место на Серхио Перез. Победничкиот подиум го комплетира Карлос Сајнц јуниор кој трката ја заврши на третата позиција.
Бодови уште освоија (4 – 10.место) : Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Себастијан Фетел, Пјер Гасли и Алекс Албон.
По денешната победа Верстапен кој трката ја почна од 14-та позиција, ја зголеми предноста на табелата во однос на конкурентите за титултата. Сега Холанѓанецот има 284 бодови, Перез е втор со 191, Леклер трет со 186.
Во поредокот на конструктори, Ред Бул е прв со 475 бода, Ферари собра 357, Мерцедес 316.