ХАМИЛТОН ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ НА ШУМАХЕР Британецот влезе во историјата на Формула 1

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон постави историски рекорд во Формула 1, освојувајќи најбрз круг на трката за Големата награда на Сингапур, со што го надмина рекордот на Михаел Шумахер, иако заврши осми.

106

Возачот на Ферари и седумкратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер на трката за Големата награда на Сингапур.

Иако трката не му беше најуспешна и заврши на осмото место, Хамилтон успеа да го постави најбрзиот круг на патеката. Со оваа победа во статистиката, тој успеа да постигне нешто што досега им успеало само на легендарниот Шумахер – 16 години по ред, барем на една трка годишно да има најбрз круг.






Рекордот претходно беше во сопственост на Михаел Шумахер, кој како возач на Ферари доминираше на почетокот на 2000-тите. Хамилтон со овој успех ја потврди својата константност и доминација во Формула 1, иако резултатите на оваа конкретна трка беа пониски од очекуваното.

– Иако не стигнавме до подиумот, овој рекорд е доказ за посветеноста и конзистентноста што ја имам низ годините. Сега продолжуваме кон следната трка со нови цели – изјави Хамилтон по завршувањето на трката.

Поврзани содржини