ХАМБУРГЕР „СО ВОЗДУХ“ 25 ДОЛАРИ, ЛИСТ ОД САЛАТА 3 ДОЛАРИ Храната на првенството во Катар е ужасно скапа, а неквалитетна (ФОТО)
Ваквиот хамбургер е навреда, сфаќам дека бургерите не се дел од нивната национална кујна, но сепак доаѓаат обожаватели од целиот свет и оставаат големи суми пари во Катар – и вака ни се заблагодаруваат?, Не е евтино, ама затоа е лошо, Плаќаме за дома да се вратиме послаби, продолжуваат да се редат коментарите.
Навивачите на светското првенство во Катар се жалат дека храната е ужасно скапа, а невкусна и неквалитетна. Очигледно, правењето хамбургери не им е јака страна на луѓето во Катар, коментираат луѓето. Но, една салата да не може да биде како што треба?
Твитерџија постираше слика од својот скромен хамбургер со мала плескавица, пренесува Б92.
Burger & Beer at Doha fan park for the World Cup… 🍔🍺
This will set you back £25. 😳 pic.twitter.com/zGc8W6gHNO
— Football Away Days (@FBAwayDays) November 17, 2022
„Платив 25 долари за плескавица и пиво, а погледнете ја оваа плескавица“, напиша шокиран твитерџија со фотографија на која се гледа причината за неговата жалба.
„Ваквиот хамбургер е навреда, сфаќам дека бургерите не се дел од нивната национална кујна, но сепак доаѓаат обожаватели од целиот свет и оставаат големи суми пари во Катар – и вака ни се заблагодаруваат?“, „Не е евтино, ама затоа е лошо“, „Плаќаме за дома да се вратиме послаби“, продолжуваат да се редат коментарите.
Друг навивач се жали на малите порции грчка салата.
Greek salad at the Qatar World Cup fan zone
🇶🇦 38 Rial (£9) pic.twitter.com/K5taOhM9Q3
— Footy Scran (@FootyScran) November 16, 2022
„Грчката салата ја платив повеќе од 10 долари, а еве што добив. Тоа се околу 3 долари за лист зелена салата“, пишува тој.
„Ова е страшно, далеку им е Грција, затоа не се запознаени со ова комплицирано јадење“, „Вака јас сечкам салата кога сум прегладнет, па сакам само да ставам нешто во уста, што и да е“, „Важно е дека им доаѓале луѓе од цел свет, а што ќе јадат, тоа е помалку важно“, коментираат луѓето.