ХАМАС ОСЛОБОДИ УШТЕ ШЕСТМИНА ЗАЛОЖНИЦИ Ги презеде Црвениот крст на Газа
Според договорот Израел сега треба да ослободи трипати повеќе Палестинци затворени во израелските затвори.
Израелската војска во четвртокот вечерта објави дека шест израелски заложници се ослободени во Појасот Газа и дека се „на пат кон Израел“, како дел од договорот со Хамас.
Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Изадин ал-Касам, објави дека шесте заложници „се предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа“.
„Седмата група сега е целосно ослободена, откако претходно беа ослободени двајцата заложници“, соопштија милитантите.
Трипати повеќе палестински затвореници – деца, тинејџери и жени – сега треба да бидат ослободени од израелските затвори во следните часови, според условите од договорот.