📽️ ХАМАС ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЗАЛОЖНИЧКА „Извадете ме одовде што поскоро“

Израелските медиуми јавуваат дека семејството на киднапираното девојче веднаш се огласило.

2,357

Во понеделникот Хамас објави видео на кое тврди дека за прв пат се гледа како заложничка е држена во Појасот Газа. Автентичноста на снимката не е потврдена,а Јерусалим Пост напиша: „Дали ова видео е дел од психолошката војна на Хамас?“

Како Хамас ги третира заложниците останува под голем прашалник. На снимката зборува млада девојка:






„Се викам Миа, имам 21 година, од Шохам сум. Моментално сум во Газа. Се вратив во саботата рано наутро од забава во Сдерот. Тешко сум повредена и имам рана на мојата рака. Тука ме донесоа во болница. Се грижеа за мене и ми дадоа лекови. Ве молам вратете ме дома што е можно поскоро за да можам повторно да ги видам родителите и браќата и сестрите. Ве молам извадете ме одовде што е можно поскоро  – вели Миа во видеото објавено од Хамас.

Израелските медиуми јавуваат дека наводноо семејството на киднапираното девојче веднаш се огласило и дека биле среќни дека таа уште е жива.

 

Поврзани содржини