ХАМАС НЕ ГО ДАВА СПИСОКОТ СО ЗАЛОЖНИЦИТЕ КОИ СЕ ЖИВИ Израел ги повлече своите преговарачи

По повеќе од една недела интензивни преговори, со посредство на Катар, Египет и САД, Израел ги повлече своите преговарачи.

513

Одбивањето на Хамас да го предаде списокот со имињата на заложниците што сè уште ги држи и кои се живи го попречува напредокот во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавија денеска израелските медиуми.

По повеќе од една недела интензивни преговори, со посредство на Катар, Египет и на САД, Израел вчера ги повлече своите преговарачи.






Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека треба да се одржат внатрешни консултации за продолжување на преговорите.

Според извештаите, извори на Хамас рекле дека се подготвени да предадат список на заложници кои би можеле да бидат ослободени во првата фаза по прекинот на огнот, но го одбиле барањето на Израел да обезбеди комплетна листа на 100-те заложници кои наводно уште се живи.

Поврзани содржини