🎥 ХАМАС НЕ ГИ ВРАТИ ТРИТЕ ЗАЛОЖНИЧКИ СО ПРАЗНИ РАЦЕ Какви подароци понесоа ослободените Израелки?
На видео, објавено од Хамас, членови на групата, со качулки на главата, им даваат ќесиња со „подароци“ на заложничките непосредно пред да ги предадат на Црвениот крст.
Хамас ги врати во Израел трите израелски заложнички, но не ги испрати со празни раце, односно тие си понеле и подароци, објави Телеграф.
За потсетување, по постигнувањето на договорот за примирје, Хамас беше обврзан да испрати список со заложничките кои ќе бидат вратени, а потоа да ги ослободи. Тел Авив за возврат ослободи 90 палестински затвореници откако примирјето стапи на сила во 11.15 часот по локално време, во недела – речиси 3 часа подоцна од предвиденото.
Хамас се обидел да го искористи ослободувањето на трите жени, објавувајќи видео на кое членови на Хамас, со качулки на главата, им даваат ќесиња со „подароци“ на заложничките непосредно пред да ги предадат на Црвениот крст. Во ќесињата со „подароци и сувенири“ Хамас им ставил фотографии од времето кога биле заложнички, комеморативна фотографија од Газа и некаков сертификат. Трите жени го опишаа потегот на терористите на Хамас како „цинична игра“, насочена кон нивна манипулација.
Hamas releases a propaganda video showing the release of hostages Romi Gonen, Emily Damari, and Doron Steinbrecher from captivity in the Gaza Strip earlier today.
The video shows Hamas operatives giving the hostages “gift bags” before they were freed. The bags reportedly… pic.twitter.com/wWzqMzUQHL
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) January 19, 2025
Во 17:07 часот, Хамас потврди дека 28-годишната Емили Дамари, 23-годишната Роми Гонен и 31-годишната Дорон Станбар Хер биле ослободени и предадени на Црвениот крст во централниот дел на Појасот Газа. До 17:38 Црвениот крст ги предаде на специјалните сили на ИДФ, вклучително и на поморските командоси Шајет 13. Во 17:53 часот, ИДФ ги врати трите заложнички на израелска територија.
Договорот предвидува ослободување на 33 заложнички во првата фаза од 42 дена во замена за ослободување на безбедносните затвореници, хуманитарна помош и за повлекување на ИДФ на безбедносниот периметар околу Газа на околу 700-1.100 метри од израелската граница.
Израел ќе ослободи 30 палестински затвореници за секој политички заложник и 50 палестински затворенички за секоја жена војник, ослободена од Хамас. Заложниците, кои се очекува да бидат ослободени во првата фаза, се оние кои спаѓаат во хуманитарната категорија, како жени, деца, стари лица или повредени.
Првин ИДФ ги одвел заложничките во импровизирани прифатни центри на границата со Газа, а потоа тие заминале со хеликоптер за болниците во Израел, откако првин се истуширале, јаделе и направиле првичен брифинг.
Тие биле поврзани со нивните семејства веднаш штом пристигнале во болницата.
– Трите израелски заложнички, што ги ослободи Хамас, се „во стабилна состојба. Задоволство ми е да ве информирам дека се во стабилна состојба. Ова ни овозможува нам, и на нив, да се фокусираме на она што е најважно засега: повторното обединување со нивните семејства – објави за време на прес-конференција лекар од болницата Шеба на Рамат Ган.
ХАМАС ГИ ОСЛОБОДИ ПРВИТЕ ТРИ ЗАЛОЖНИЧКИ Илјадници Израелци слават на улиците на Тел Авив