ХАМАС КРВАВО СЕ КОЦКА ЗА ТРАЈНА ВОЈНА Лидерите на групата за Њујорк Тајмс изјавиле дека не сакаат примирје
Водачите на Хамас за весникот велат дека со ова започнал „одржлив конфликт“ кој „ќе стави крај на сите можни намери за соживот меѓу Израел, Газа и земјите околу нив“.
Групата Хамас сака да предизвика трајна војна во Израел, а според нивната „крвава математика“ масакрот кој настана со нападите од 7 октомври со кои започна војната не е погрешна пресметка, пишува Њујорк Тајмс.
Челници на групата за весникот рекле дека масакрот бил „неопходен трошок“ за едно големо достигнување – рушење на статус квото, а отворање ново поглавје во палестинската борба против Израел.
– Се надевам дека воената состојба со Израел ќе стане постојана на сите граници и дека арапскиот свет ќе застане со нас – изјавил Тахер Ел-Нуну, медиумски советник на Хамас.
Повеќето од лидерите на Хамас во интервјуата за разни други медиуми последните недели рекле дека нападот врз населбата (кибуцот) во Израел во кој загинаа 1.400 мажи, жени и деца бил извршен од тесен круг команданти.
Неопходно беше „да се смени целата равенка и да не се има само судир“, изјавил Калил ал-Хаја, член на највисокото раководно тело на Хамас, за „Њујорк тајмс“ во Доха во Катар.
– Успеавме да го вратиме палестинското прашање на маса и сега никој во регионот веќе не е мирен – објаснува тој.
Во нападот кој го шокираше Израел на 7 октомври повеќе од 240 луѓе беа довлечкани во Газа како заробеници на Хамас. Водачите на Хамас за весникот велат дека со ова започнал „одржлив конфликт“ кој „ќе стави крај на сите можни намери за соживот меѓу Израел, Газа и земјите околу нив“.
Водачите објасниле и дека нападот заврши како поширок и посмртоносен отколку што очекувале дури и неговите планери, главно затоа што напаѓачите успеале лесно да ја пробијат славната одбрана на Израел, дозволувајќи им да ги совладаат воените бази и станбените области со мал отпор.
Постои и една друга работа која беше постигната со нападот, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализира дека нападот ја прекинал долгогодишната тензија во Хамас за тоа што е вистинската цел на групата. Недоумицата била дали Хамас е сила која само се грижи да управува секојдневниот живот во Појасот Газа или тоа е група која неуморно работи на уништување на Израел и воспоставување исламистичка палестинска држава.
Нападот го даде одговорот. Лидерите Јахја Синвар и Мохамед Деиф, шефот на групата во сенка, го кажаа своето.
Всушност, за самите луѓе внатре во Хамас, „Њујорк Тајмс“ пишува дека нападот бил потврда за она што тие го мислеле – дека само драстична акција може да го смени чувството дека палестинската кауза се запоставува, расположение кое растело во последните години.