ХАМАС Е СПРЕМЕН ПРИМИРЈЕТО ДА ПРОДОЛЖИ УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА? Денеска се пуштени 14 заложници, се чека Израел да ослободи 39 Палестинци
Според договорот, и Израел денеска треба да ослободи 39 Палестинци од затворите. Ова го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар.
Извор близок до Хамас во неделата рече дека исламистичкото движење е подготвено да го продолжи сегашното примирје со Израел во Газа за два до четири дена по неговото првично истекување во понеделник.
„Хамас ги информираше посредниците дека движењата на отпорот се подготвени да го продолжат сегашното примирје за два до четири дена. Отпорот верува дека е можно да се обезбеди ослободување на 20 до 40 израелски затвореници“, наведе изворот за француски медиуми.
Четиринаесет израелски заложници и тројца странски државјани се предадени денеска на Црвениот крст во Појасот Газа, соопшти израелската армија.
„Врз основа на информациите добиени од Црвениот крст, 14 израелски заложници и тројца странски заложници се префрлени во Црвениот крст“, се вели во соопштението на третиот ден од договорената пауза во борбите меѓу Израел и Хамас.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека четиригодишното американско девојче е безбедно во Израел откако беше ослободено во неделата од заробеништво во Газа. Бајден побара да се продолжи паузата во борбите Израел-Хамас за да се овозможи повеќе ослободување заложници.
– Таа е слободна и сега е во Израел – рече Бајден за девојчето.
14 Israelis, 9 of them children, freed by Hamas on 3rd day of hostages-for-truce deal https://t.co/6GHVFKAhX3 . Click to read ⬇️
— The Times of Israel (@TimesofIsrael) November 26, 2023
Според договорот, и Израел денеска треба да ослободи 39 Палестинци од затвори. Ова го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар.
Како дел од договорените обврски, на третиот ден од примирјето во Газа, „39 палестински цивили ќе бидат ослободени денеска во замена за ослободување на 13 израелски затвореници од Газа, покрај еден затвореник кој има руско државјанство и 3 Тајланѓани“, објави на Х Мајед Ал- Ансари.