ХАМАС ДРЖИ 250 ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ Конвои за помош од Египет се упатуваат кон Газа
Исламистичката група ќе ги искористи заложниците во преговорите за ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори.
Хамас во Појасот Газа држи од 200 до 250 израелски заложници меѓу кои и високи израелски офицери изјави синоќа портпаролот на военото крило на групата во видеопорака.
Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал во интервју за ТВ Ал-Арабија, потврди дека меѓу заложниците има и високи израелски офицери од дивизијата Газа.
Мешал, кој ја предводи канцеларијата за дијаспора на Хамас, истакна дека групата ќе ги искористи заложниците во преговорите за ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори.
Во меѓувреме, хуманитарните конвои кои денеска чекаа во египетскиот град Ел Ариш се упатија кон граничниот премин Рафах со палестинската енклава Газа, соопштија претставници на хуманитарната служба.
Уште стотици камиони со хуманитарна помош за населението во Газа се упатија по крајбрежниот пат на 40-километарското патување до Рафах, јавија француските медиуми.