🎥 ХАМАС ДАВАЛ НАГРАДА ЗА СЕКОЈ ДОНЕСЕН ЗАЛОЖНИК ВО ГАЗА Заробени милитанти признаваат што добивале за злосторствата
Во нивните сведоштва на сослушувањето, објавени од Израелската безбедносна служба, заробениците од Хамас откриле дека на сите им биле дадени конкретни упатства да убиваат и киднапираат цивили, вклучително и постари лица, заедно со жени и деца.
Израелската безбедносна служба Шин Бет објавија снимка од испрашувањето на шестмина милитанти на Хамас заробени за време на нападот врз Израел на 7 октомври.
Во нивните сведоштва на сослушувањето, тие откриле дека на сите им биле дадени конкретни упатства да убиваат и киднапираат цивили, вклучително и постари лица, заедно со жени и деца, соопшти израелското разузнавање.
Еден од заробените борци на Хамас им рекол на инспекторите дека им било кажано: „Кој ќе врати заложникот во Газа добива 10.000 долари и стан“.