ХАМАС ДА ГИ ПУШТИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ БЕЗ НИКАКВИ УСЛОВИ Европскиот совет ги осуди „бруталните напади врз Израел“

Европската унија најостро ги осудува Хамас и нивните брутални терористички напади низ Израел, изразувајќи длабоко жалење за загубените животи. Нема оправдување за теророт, соопшти Европскиот совет.

575

Лидерите на Европскиот совет денеска усвоија заедничка изјава со која се дефинира ставот на Европската унија во однос на развојот на ситуацијата на Блискиот исток, повикувајќи ги милитантите на Хамас веднаш да ги ослободат заложниците, без никакви услови.

„Европската унија најостро ги осудува Хамас и нивните брутални терористички напади низ Израел, изразувајќи длабоко жалење за загубените животи. Нема оправдување за теророт. Нагласуваме дека правото на Израел е да се брани во согласност со хуманитарните и меѓународните закон, по ваквите насилни и недискриминирачки напади. Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време, во согласност со меѓународното право“, соопшти Европскиот совет на својата веб-страница.

 

Поврзани содржини