Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Од Банката упатуваат апел до пензионерите, во нивен интерес и за поголема заштита, користењето на мајската пензија да ја извршат преку платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба од готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство. 

355

Халкбанк утре ќе почне со етапна исплата на мајската пензија за пензионерите кои добиваат пензија преку Банката. Утре (среда), своите пензии ќе ги добијат сите оние кои користат платежна картичка и истите ќе може средствата слободно да ги користат при пазарење, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии, информира Банката.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:






До 11.000 денари 27.5.2020 г. (среда)

11.001-14.000 денари  28.5.2020 г. (четврток)

14.001-18.000 денари  29.5.2020 г. (петок)

Над 18.001 денари 01.6.2020 г. (понеделник)

Од Банката упатуваат апел до пензионерите, во нивен интерес и за поголема заштита, користењето на мајската пензија да ја извршат преку платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба од готовина, како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

Истовремено, на шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на истата на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, а ќе бидат ангажирани и лица за одржување на редот, со цел зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција од 08:30 до 15:30 часот.

 

 

Поврзани содржини