ХАЛИД БЕШЛИЌ ИТНО ОПЕРИРАН Се огласи неговата сопруга за состојбата на пејачот

На славниот пејач во „Центарот за срце“ Сараево му бил вграден стент, јавуваат медиумите.

437

Познатиот пејач на народна музика Халид Бешлиќ заврши во болница каде итно морал да се оперира.

Имено, на Халид во „Центарот за срце“ Сараево му бил вграден стент, јавуваат медиумите.






Сопругата на Халид, Сејда, се огласила и ја потврдила информацијата, а потоа открила како се чувствува пејачот и кога ќе излезе од болница.

– Добро е, се чувствува одлично, како да не било ништо. Утре се враќа дома – изјавила Сејда Бешлиќ за „Аваз“.

Според пишувањата на медиумите, операцијата ја извршиле директорот на центарот и неговиот колега, врвен кардиолог.

 

Поврзани содржини