Холивудската актерка Хали Бери го потврди идентитетот на своето момче откако со месеци објавуваше мистериозни фотографии.
Одлучувајќи да го скрие неговиот идентитет, актерката сподели фотографија од своите нозе покрај машки нозе во текот на опуштената недела и оттогаш фановите се прашуваат дали оскаровката има ново момче.
Хали сега објави на својот инстаграм-профил фотографија облечена во маица на која го пишува името на музичарот Ван Хант и на тој начин ја потврди врската со музичарот.
Таа покрај оваа објава кратко напишала: „Сега знаете сè“, што ги натерало сите да помислат дека со ова сакала да даде до знаење дека повеќе не ја крие врската со Хант.
Инаку, таа неодамна објавила и фотографија од Лас Вегас на која се гледаат нејзините нозе, како и нозете на некој маж, за кој сега се верува дека тоа бил токму Ван.
„Будење во Вегас! Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски честитки од моите пријатели, но и најлојалните обожаватели. Сите вие ми помогнавте овој роденден да ми биде посебен“, порачала актерката тогаш.
Ван Хант (50) е пејач и текстописец кој има издадено пет албуми. Тој е добитник и на Греми награди. Тој исто така ја обелодени врската со Хали со фотографија на Инстаграм.
Хали зад себе има три брака, од кои има две деца.
FOTO: Instagram