ХАЛАНД ПОСТИГНА 5 ГОЛОВИ ЗА 57 МИНУТИ Манчестер сити го декласираше Лајпциг, Интер извлече реми против Порто
Манчестер сити со 7 голови во противничката мрежа ја декласираше екипата на Лајпциг во реванш мечот од Лигата на шампионите, а норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд постигна дури 5 погодици.
По еден гол постигнаа и Гундоган и Де Брујне.
Со оваа победа клубот од Англија се пласираше во четвртфиналето на најголемото европско клупско натпреварување.
Вечерва се одигра и реваншот помеѓу Порто и Интер, но натпреварот заврши без погодоци.
Иако клубот од Португалија доминираше на теренот, сепак, помеѓу најдобрите 8 европски клубови се пласираше гигантот од Италија, поради победата на домашен терен на првиот натпревар.