ХАЛАНД И ЛУКАКУ ВО ТАНДЕМ? Тухел потврди за интересот на Челзи за Норвежанецот

Во тековната сезона Халанд одигра 10 натпревари за Борусија, постигна 13 гола и четири асистенции.

241

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

– Разговаравме за Ерлинг неколку пати, вклучително и за време на минатиот летен преоден рок. Точно, во тоа време неговиот трансфер за нас изгледаше нереално. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Дали можам да ги замислам Лукаку и Халанд заедно на теренот? Зошто не, можеме да разговараме за тоа! Мислам дека не разговаравме сериозно за ова, но да видиме што може да се случи во наредните недели – изјави Тухел за „Билд“.






Во тековната сезона Халанд одигра 10 натпревари за Борусија, постигна 13 гола и четири асистенции.

„Transfermarkt.com“ го проценува 21-годишниот Норвежанец на 150 милиони евра.

Поврзани содржини