ХАКНАЛ КОМПЈУТЕР И „СПУШТИЛ“ 1.249.000 ДЕНАРИ Лице од Богданци осомничено за компјутерски криминал
На 29.11.2022, пријавениот, користејќи програма преземена од интернет, навлегол во персонален компјутер на правно лице од Скопје – претставништво во Гевгелија и направил долг во висина од 1.249.000 денари, се вели во соопштението на полицијата.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Т.(40) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 29.11.2022, пријавениот, користејќи програма преземена од интернет, навлегол во персонален компјутер на правно лице од Скопје – претставништво во Гевгелија и направил долг во висина од 1.249.000 денари.