Хакирана Европската агенција за лекови, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек 

Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани -  се вели во соопштението на Фајзер.

301

Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер.

– Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани –  се вели во соопштението на Фајзер.






– Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право –  се додава во соопштението.

– Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес – се додава во соопштението.

Поврзани содржини