Хакиран норвешкиот Парламент
Нападот е поврзан со „ранливост“ на софтверот на „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange)
Норвешкиот Парламент соопшти дека бил мета на хакери, шест месеци по претходниот хакерски напад врз институцијата.
– Знаеме дека се украдени податоци, но се уште немаме целосен увид во ситуацијата, изјави админстративниот шеф на Парламентот, Мариан Андреасен.
Нападот е поврзан со „ранливост“ на софтверот на „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange).
Се уште не е познато кој го извршил нападот.
Официјално Осло за претходниот хакерскиот напад ја обвини Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.
Белата куќа на 6 март издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта „Мајкрософт ексчејнџ“.
„Мајкрософт“ потврди дека хакери ги искористиле нивните сервери за да нападнат свои мети, а се претпоставува дека на удар се десетици илјади организации.
Според американските медиуми зад хакерскиот напад стои Кина.
САД подолго време ја оббвинува Кина за кибер шпионажа, додека Пекинг негира.