Хакерка од Македонска Каменица четири пати го пробила компјутерскиот систем на банка од Скопје

2,882

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 23-годишната С.Ј. од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, се вели во полицискиот билтен.

„Пријавената, во периодот од 29.10.2019 до 28.11.2019, во четири наврати навлегла во компјутерскиот ситем на банка од Скопје и, со искористување на податоци од дебитна картичка од трансакциска сметка на Ј.Ј., извршила плаќање преку интернет во хотели во Скопје, со што предизвикала материјална штета во износ од 15.155 денари“, наведено е во билтенот на МВР.

Поврзани содржини