ХАКЕРИ ОД СТРАНСТВО ЈА НАПАДНАА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА СОБРАНИЕТО Страницата сега е делумно достапна

Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата, информираше собраниската служба.

498

Информираме дека интернет страницата на Собранието е вратена во функција, соопшти Собранието на Република Македонија.

„Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини