Хакери го презедоа „Тајм.мк“

Тие велат дека го избрале агрегаторот ради најголемиот број на посети.

1,476

„Анонимуси“ ја прекрија првата страница на агрегаторот „Тајм.мк“ со своја слика и порака.

– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна цицка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава. Попис? Pse Jo? Ама не можеме и нив да ги обвиниме кутрите напатени души гледаат колку за бело, моет,цигари и за белолебче да има да донесат дома – пишува во дел од пораката.






Тие велат дека го избрале агрегаторот ради најголемиот број на посети.

Сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски во текот на целиот ден на својот „твитер“ профил објавуваше дека агрегаторот е цел на напади, дека некој има фрлено многу пари за тоа, а во последната објава пишува дека преку 20 милиони ИП-адреси вршат напади и дека хакерите го купиле целиот „дарк веб“.

 

Поврзани содржини