ХАКЕРИ ГО БУТНАА САЈТОТ НА БУГАРСКАТА ВЛАДА Засега не е познат сторителот на нападот

Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и за враќање на пристапот до сајтот.

193

Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на кибер напад, соопшти информативната служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот.






Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет www.government.bg е привремено недостапна како резултат на кибер напад, се наведува во соопштението.

Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и за враќање на пристапот до сајтот.

Поврзани содржини