Хакери ги нападнаа фејсбук страниците на Богоев и Каевски

576

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев објави дека неговата официјална фејсбук фан страница е хакирана.

„Хакирана е мојата официјална Facebook страница (Stefan Bogoev). Проблемот е пријавен до надлежните институции и Facebook. Барам итно решавање на овој проблем и враќање на страницата во функција“, објави Богоев.






Случајот е пријавен до Владата и МВР, а вечерва ќе ја известам и Амбасадата на САД, како и делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува Богоев.

„Ова е втор напад на официјален мој канал за комуникација, по блокирањето на Twitter профилот пред Нова година. Вчерашната објава за Спортско – адреналинскиот парк, која имаше organic reach од околу 60.000 корисници била пријавувана како лажна вест. Дали на некој му смета паркот бидејќи сака да гради или се во прашање „игри“ на политички елити? И трето, ова се случува во период кога Карпош е прогласена за најтранспарентна општина во Скопје и трета во државата“, пишува Богоев.

За ист проблем информира и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Поврзани содржини