ХАКЕР Ѝ УКРАДЕ 5.000 ЕВРА НА ОХРИЃАНКА Жртвата мислела дека аплицира за работа во странство, но останала без пари

Како што е пријавено, жртвата ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.

527

На 21.02.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, 52 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл.






Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини