ХАЈРЕДИНИ ЗА ПАРТИСКИТЕ ПРЕГОВОРИ Да сака Апасиев, Заев сигурно и со него би го зголемил мнозинството
Шефот на државата Пендаровски синоќа изјави дека ја следи ситуацијата во парламентот, но дека се уште нема потреба од лидерска средба.
Да сака Апасиев, Заев сигурно и со него би го зголемил мнозинството, смета политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини.
Овој негов став доаѓа, откако вицепремиерот и секретар на ДУИ Артан Груби изјави дека се разговара со народни избраници од сите партии во опозицијата, освен со Левица.
Распоредот на силите во парламентот ќе донесе нефункционално Собрание каде што почнува постапката за донесување на буџетот. Засега опозицијата вели дека нема да го блокира носењето на буџетот, но дека не е исклучено да има застој за другите законски решенија.
Шефот на државата Пендаровски синоќа изјави дека ја следи ситуацијата во парламентот, но дека се уште нема потреба од лидерска средба.