ХАЈРЕДИНИ ГО КОМЕНТИРА РЕШЕНИЕТО НА БЕКТЕШИ ЗА СТРУЈАТА Ако можат арачиновци, не мора да плаќаат и другите
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, коментирајќи ја вчерашната прес – конференцијата на министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново, на социјалните мрежи објави:
„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“!
Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци.
Бектеши најави дека полицијата ќе постапува по однос на кражбите на струја.