🎥 ХАЈДИ КЛУМ ТОПЛЕС СРЕДЕ ПРУГА Германската манекенка најави нова песна со диџеј Дипло

Песната на германскиот топ-модел и американскиот диџеј е снимена за новата сезона на шоуто „Germany’s Next Topmodel“, а ќе биде достапна на стриминг услугите од 13 февруари.

6

Германската манекенка Хајди Клум објави видео од снимањето на спот за новата песна наречена „Red Eye“, која ја сними со американскиот диџеј Дипло.

Песната е снимена за новата сезона на шоуто „Germany’s Next Topmodel“, а ќе биде достапна на стриминг услугите од 13 февруари.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

На објавеното видео таа носи само гаќички и капут и стои среде железничка пруга. Изгледот го комплетираше со фризура со кадрици и шминка што особено ги истакнува нејзините очи.

Инаку, Хајди Клум се занимава со музика веќе некое време. Во 2022 година ја издаде песната „Chai Tea With Heidi“ со Снуп Дог, а во 2024 година соработуваше со Тиесто на синглот „Sunglasses At Night“.

– Сакам многу различни работи освен манекенството или учеството во „Америка има талент“. Сакам да сликам. Цел живот сакам да дизајнирам или да смислувам луди идеи за костими за Ноќта на вештерките. Отсекогаш сум сакала да бидам креативна личност, а за мене музиката отсекогаш била дел од тоа, изјави таа претходно за списанието „Билборд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Минатата година, таа разговараше со „Пипл“ за тоа како не гледа ништо лошо во позирањето гола.

– Луѓето секогаш велат: „Веројатно си станала посамоуверена со возраста“. Немам проблем да се шетам во долна облека. Не се кријам во ќош. Се фотографирам гола или во долна облека од 1992 година, долго пред Инстаграм, така што тоа не е ништо ново за мене – вели таа.

Поврзани содржини