🎥 ХАЈДИ КЛУМ РЕЧИСИ ГОЛА, ЧАПЕЛ РОУН – ГОЛА Еве како изгледаа најсмелите модни комбинации на Греми 2026-та
Моделот Хајди Клум изгледаше речиси гола кога се појави на Греми наградите во фустан од латекс во боја на кожа, додека пак пејачката Чапел Роун беше во топлес фустан кој однапред се држеше со пирсинзите на градите, а одназад ѝ се гледаше задникот во танга
Моделот Хајди Клум се појави на Греми наградите во фустан од латекс во боја на кожа, без прерамки, во кој изгледаше како да е целосно гола.
52-годишната актерка беше целосно насмеана во гумениот фустан, кој го комбинираше со соодветни штикли во боја на кожа и иста таква боја на ноктите.
View this post on Instagram
Наспроти германската манекенка која е сега и пејачка и која само изгледаше гола, американската пејачка и текстописец која на минатогодишната церемонија на доделување на Греми ја доби наградата за најдобар нов изведувач, Чапел Роун, не ѝ остави ништо на имагинацијата.
Таа се појави во црвен топлес фустан чиј преден дел се придржуваше за пирсинзите на нејзините голи гради, додека одзади го покажа задникот во проѕирниот дизајн без грб.
Фустанот на 27-годишната пејачка беше од Тиери Муглер, направен по нарачка.
Фустанот ја откриваше и нејзината импресивна колекција од тетоважи на телото.
View this post on Instagram