Хајди Клум позираше топлес, но не им се допадна на обожавателите ФОТО

948

Славниот германски топ-модел Хајди Клум ја фалат поради нејзините модни комбинации, а таа често ги одушевува фановите со разголени изданија. Овој викенд, Клум одлучила да оди еден чекор понапред.

„Викенд е“, напишала манекенката во описот на серијата фотографии кои ги објавила на Инстаграм, а на фотографиите позирала со 17 години помладиот сопруг Том Каулиц. На една фотографија Хајди позирала топлес и градите ги прекрила со рацете.






Хајди и Том уживале во приватноста, но музичарот и неговата убавата сопруга не ги лишиле фановите од сочните детали.

Но, спротивно на очекуваното, манекенката овој пат не добила позитивни коментари од обожавателите. Многумина ја нападнале, велејќи ѝ дека фотографиите од овој тип не ѝ одговараат на возраста и на мајчинството.

„Имаш толку години, а објавуваш вакви фотографии. Срамно. Некои приватноста ја чуваат за својот сопруг, а не за милиони фанови“, е само еден од коментарите под фотографијата.

Првата годишнина од брак, парот ја прослави во февруари оваа година, а судејќи според бројните фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, тие уживаат во брачната идила.

Хајди од бракот со поранешниот сопруг Сил има 4 деца.

FOTO: Instagram

Поврзани содржини