ХАЈДИ КЛУМ ГОЛА И БЕЗ ШМИНКА НА 52 ГОДИНИ Да не претера малку, нека е и за “Пари мач”, па и за пари ту мач?!
Фотографиите експресно ја обиколија планетата и предизвикаа поделени реакции — едни ја слават нејзината природна убавина, други се прашуваат дали ваквата смелост е премногу.
Хајди Клум и по повеќе од три децении на модната сцена успева да ја задржи истата моќ да ја шокира и воодушевува публиката.
Супермоделот со германско потекло, денес 52-годишна, позираше целосно гола и без трошка шминка за престижното француско списание „Пари мач“.
Фотографиите експресно ја обиколија планетата и предизвикаа поделени реакции — едни ја слават нејзината природна убавина, други се прашуваат дали ваквата смелост е премногу.
Но, за Клум провокацијата никогаш не била проблем. Напротив, таа отсекогаш знаела како да привлече внимание.
Од подиумот до рајскиот остров
Во моментот Хајди се одмора со својот сопруг, музичарот Том Каулиц, на Сен Бартелеми — остров што таа го нарекува своја „долгогодишна љубов“. Таму се враќа уште од времето кога првпат стапнала на француската ривиера, повеќе од 30 години наназад.
Денес двојката поседува куќа на островот и често ги почестува фановите со интимни моменти токму од таму.
Заслужен одмор
Во интервју за „Париз мач“, Клум признава дека ваквите денови на одмор се вистински луксуз.
„Останатиот дел од годината едвај знам како изгледа викендот – Том и јас постојано работиме и патуваме. Ова навистина се заслужени празници“, открива таа.
Токму таа искреност и природност ја прават Хајди и натаму икона во светот на модата и шоу-бизнисот, без разлика дали предизвикува восхит или шок.
View this post on Instagram