🎥 ГВИНЕТ ПОЛТРОУ НЕ САКАЛА ДА СНИМА СЕКСИ СЦЕНИ ПОРАДИ ТАТКО Ѝ И ДЕДО Ѝ Актерката откри зошто одбила да сними експлицитна сцена со Итан Хоук
Поминаа 27 години откако Гвинет Палтроу и Итан Хоук глумеа во „Големи очекувања“. Гвинет и Итан повторно се соединија за да разговараат за сè, од првата средба до нивните најнови проекти 'Marty Supreme' и 'Blue Moon.'
Поминаа 27 години откако Гвинет Палтроу и Итан Хоук глумеа во филмот „Great Expectations“. Гвинет и Итан повторно се соединија за да разговараат за сè, од првата средба до нивните најнови проекти ‘Marty Supreme’ и ‘Blue Moon.’ Тие зборуваа пред камерите за „Vanity Fair“, каде што се потсетија на заедничката работа од снимањето на филмот и интересните моменти зад камерата.
Интересен дел од разговорот беше „љубоморното“ прашање на Итан, дали го бакнала нејзиниот партнер Тимоти Шаламе во филмот „Марти Суприм“ на истото место во Централ Парк на кое го бакнала него за време на снимањето на нивниот заеднички филм „Great Expectations“.
– Не, никогаш не би го направила тоа! – се насмееа Гвинет која подоцна го праша Итан дали тој се уште јаде „Тако бел“.
Интересен беше и делот во кој Палтроу одговори на прашањето на Хоук дали се сеќава како режисерот Алфонсо Куарон им го опишувал снимањето на нивната љубовна сцена која вклучувала орален секс.
Актерката призна дека имала многу лична причина зошто одбила да сними експлицитна сцена со орален секс со својот партнер.
– Во раните фази од мојата кариера, бев многу свесна за себе. Навистина ме вознемируваше тоа што татко ми и дедо ми ќе гледаа такви работи – призна актерката.
Хоук откри дека режисерот Куарон имал многу детална визија за сцената: камерата ќе се спушти по стомакот на актерката, потоа ќе се крене до нејзините гради и ќе застане на нејзиното лице додека ликот доживува екстаза, со сценски ефект на „експлозија на светлина како сонце“.
Итан Хоук нагласи дека нејзиното одбивање не изгледало дрско или арогантно, туку сосема оправдано и достоинствено, а Палтроу заклучи дека била можеби „малку премногу достојна“ во тоа време.
Погледнете го целиот разговор меѓу Гвинет Палтроу и Итан Хоук: