Гвинет Палтроу ги рекламира своите вибратори, па ја нападнаа: Засрами се, во време на пандемија! ФОТО
Актерката Гвинет Палтроу се најде на удар на критики откако ги рекламирала своите секси играчки во еден магазин за време на пандемијата на коронавирусот.
Статијата, насловена како Најдобри вибратори за соло уживање и игра со партнерот, во која се прикажани различни верзии и цени на овие производи, не им се допадна на корисниците на социјалните медиуми кои сметаат дека сега не е време да се пишува за вакви работи.
„Треба да престанеш и да имаш барем малку достоинство“, „Очигледно дека еден од своите производи го има во увото, бидејќи не следи што се случува околу неа“, „Ве молам, некој нека ја замолчи оваа глупава жена“, се само некои од коментарите.
Статијата беше објавена откако Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук споделија видео од нивниот разговор со советникот за брак и интимност Мајкл Боем.
За време на разговорот, парот разговарал за тоа каков им е нивниот живот за време на карантинот, а Палтроу се пожалил дека нема никаква сексуална желба поради сегашната состојба.