Гвардиола: Се надевам дека УЕФА ќе ни дозволи да играме

Сити заработи двегодишна суспензија од УЕФА од сите европски натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер-плеј, а утре треба да се донесе конечна одлука по жалбата на премиерлигашот. 

171

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардилола ги сподели своите впечатоци по убедливата победа над Брајтон (5:0) на натпреварот од 35. коло од Премиер лигата.

– Задоволен сум од резултатот и од нашата игра. Подготвени сме за завршните  натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Создаваме многу шанси.
Освоивме билет за Лигата на шампионите и ја завршивме првата наша задача. Овие играчи го прават ова веќе 6-7 години по ред. Тоа го постигнавме на теренот, и се надевам дека утре УЕФА ќе донесе одлука да играме и следната сезона во елитното натпреварување. Фудбалерите го заслужуваат тоа – изјави Гвардиола.






Сити заработи двегодишна суспензија од УЕФА од сите европски натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер-плеј, а утре треба да се донесе конечна одлука по жалбата на премиерлигашот.

Поврзани содржини