Гвардиола се надева дека „граѓаните“ ќе дојдат до трофеј сезонава
На екипата на Манчестер сити шансата за трофеј им останува само во Лигата на шампионите.
И покрај тоа што ги загуби Премиер лигата и ФА Купот, тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола верува дека може да стигне до трофеј во тековната сезона.
На „граѓаните“ шансата за трофеј им останува само во Лигата на шампионите.
– Не размислувам за следната сезона. Имавме можност да освоиме две титули оваа сезона, едната ни отиде. Но, Манчестер сити сепак е во борба за еден трофеј. Кога ќе ја завршиме сезоната, тогаш ќе ги сумираме впечатоците – изјави Гвардиола.
Сити го очекува реванш со Реал во осминафиналето од ЛШ. На првиот дуел англискиот тим победи со 2:1. Реваншот е закажан за 7 август.