Гвардиола: ФИФА и УЕФА ги убиваат фудбалерите

Утре, 6 април, „Граѓаните“ играат со Борусија во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Почетокот е во 21 часот.

306

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги критикуваше ФИФА и УЕФА за густиот натпреварувачки календар.

– Тие убиваат фудбалери, ова е премногу. Од почетокот на сезоната немаме една недела одмор. Играчите се луѓе, а не машини. Сакам моите играчи да бидат здрави. Некои луѓе сакаат да играат секој ден, но невозможно е да се освојат сите натпреварувања – изјави Гвардиола, за Би-би-си.






На 30 натпревари во англиската Премиер лига, Манчестер сити е лидер со 74 освоени бодови.

Утре, 6 април, „Граѓаните“ играат со Борусија во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Почетокот е во 21 часот.

Поврзани содржини