ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ Се чека 40 минути за влез и излез од државата

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.

107

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини