ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ, СЕ ЧЕКА 30 МИНУТИ ЗА ВЛЕЗ На останатите гранични премини нема подолги задржувања

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 20 до 30 минути.

80

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 20 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат вечерва од АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини