Гувернерот на Њујорк: Пристигнува брод-болница со илјада соби

Тоа е буквално болница што плови, рече Кумо на прес-конференција, додавајќи дека бродот има околу илјада соби.

532

Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендру Куомо изјави денеска дека претседателот Доналд Трамп испраќа брод-болница на воената морнарица – USNS Comfort – за да му помогне на Њујорк во борбата против новиот коронавирус.

– Тоа е буквално болница што плови, рече Кумо на прес-конференција, додавајќи дека бродот има околу илјада соби.






Њујорк е најтешко погодената држава во САД, со потврдени 2.382 случаи, а во однос на вторникот бројот на заразени денеска е поголем за повеќе од 800.

Во градот Њујорк, коронавирусот е потврден кај 1.339 лица.

Поврзани содржини