ГУТЕРЕШ УПАТИ ПОВИК Создавањето нови соеви на ковид-19 ќе се спречи со вакцинирањето на секој човек

Изминатите две години покажаа едноставна, но брутална вистина. Ако некого оставиме настрана, го оставаме целиот свет настрана. Ако не успееме да го вакцнираме секој човек создаваме нови соеви на коронавирусот - нагласи Генералниот секретар на ОН.

498

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на виртуелниот Светски економски форум во Давос повика сите во светот да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека во спротивно светот нема да излезе од пандемијата.

– Изминатите две години покажаа едноставна, но брутална вистина. Ако некого оставиме настрана, го оставаме целиот свет настрана. Ако не успееме да го вакцнираме секој човек создаваме нови соеви на коронавирусот – нагласи тој. Според него, без вакцинација на сите вирусот ќе продолжи да се шири и да го загрозува секојдневниот живот и економијата.






Гутереш додаде дека СЗО претходно претставила стратегија до крајот на 2021 година да се вакцинираат 40 отсто од луѓето во сите земји, а до средината на оваа година 70 отсто.

– Далеку сме од тие цели – рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН оцени дека е срамно што стапката на вакцинација во богатите земји е седумпати поголема отколку во африканските држави.

Поврзани содржини