ГУСТ ЧАД НАД ГРАДОТ ГИ ВОЗНЕМИРИ СКОПЈАНИ Во прашање е пожар
Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.
Во скопската населба Гази Баба попладнево се издигна црн облак, што ги вознемири граѓаните на оваа и околните населби.
Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје вели дека пожарот е во околината на Смилковско езеро, но веќе е под контрола.
– Горат трска и гуми на Смилковско езеро. Пожарникарите веќе интервенираат – изјави командантот „Томевски“ за „Макфакс“.
Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.