ГУСТ ЧАД ГО ОБВИ САНКТ ПЕТЕРБУРГ Голем пожар избувна во хангар

313

Голем пожар избувна денеска на североистокот на Санкт Петербург, во хангар со површина од 800 метри квадратни.

Пожарот избувнал во хангар на Пискаревскиот проспект во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби, пренесува РИА Новости.






Како што соопштија од Министерството, во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 12 возила. Според првите информации, нема извештаи за повредени или жртви. Очевидци велат дека слушнале експлозии пред да избие пожарот.

Инаку, голем пожар бил забележан и вчера во истиот град. Густ чад го покри небото над градот, а руските служби известија дека пожарот зафатил површина од 1.400 метри квадратни.

Поврзани содржини