„ГУНВОР ГРУП“ ЌЕ БИДЕ НОВ СОПСТВЕНИК НА „ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“ Руски „Лукоил“ доби понуда за продажба на целокупниот имот во странство, се чека дозвола од САД
Пред склучување обврзувачки договор и трансакцијата која треба да се реализира во готово, потребно е „Гунвор Груп“ да добие дозвола од агенцијата на Министерството за финансии на САД која воведе санкции врз „Лукоил“.
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ соопшти дека постигнал договор со кипарската компанија „Гунвор Груп“ за продажба сите имоти во странство на компанијата во странство.
Според соопштението од „Лукоил“, клучните услови на трансакцијата веќе се договорени.
Лукоил соопшти дека понудата дадена од „Гунвор Груп“ за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи.
Пред склучување обврзувачки договор и трансакцијата која треба да се реализира во готово, потребно е „Гунвор Груп“ да добие дозвола од агенцијата на Министерството за финансии на САД која воведе санкции врз „Лукоил“.
„Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца OFAC и сите дополнителни лиценци со цел да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата“, се вели во соопштението на „Лукоил“.
Како што е соопштено продажбата на „Лукоил Интернешнл“, е последица на рестриктивните мерки што ги воведоа некои земји против компанијата и нејзините подружници.
„Лукоил Интернешнл ГМБХ“ е основач и содружник заедно со „Литаско Са“ на „Лукоил Македонија“ што значи дека мрежата од 40 бензински станици и нафтениот склад одат во рацете на новиот сопственик „Гунвор Груп“ доколку рускиот гигант успешно ја заврши продажбата на својот имот во странство.
Што ќе се случи со 550 вработени во македонското Лукоил ќе се види откако ќе биде завршена трансакцијата меѓу „Лукоил“ и „Гунвор Груп“.
Министерството за финансии на САД минатата недела воведе санкции врз Роснефт, Лукоил и 34 нивни подружници, но одобри трансакции со компаниите до 21 ноември, доколку тие се поврзани со ограничувања на нивните активности поради воведените санкции.