„Gulf Oil“: Поддршка за иницијативата за изедначување на акцизите на екстра лесното и на дизел горивото

469

Со цел намалување на злоупотребата на горивото, почист воздух и безбеден транспорт, „Gulf Oil“ ја поддржува во целост инцијативата на Стопанската комора за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото.

– Многу често се случува злоупотреба на екстра лесното масло за греење, кога се користи како погонско гориво што е спротивно на сите регулативи и го зголемува загадувањето на воздухот 100 пати повеќе, за разлика од дизел горивото. Изедначувањето на оваа ставка ќе значи дека оние кои го правеа ова, нема да имаат никаква корист ниту мотивација да продолжат да користат екстра лесно како погонско гориво. Оваа промена дополнително ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го регулира текот на нафтата и нафтените деривати, но придобивките ќе ги почувствуваат и останатите стопанственици – велат од компанијата.






Со воведување на оваа промена, како што нагласуваат оттаму, ќе се почувствуваат евидентни разлики и сите ќе бидат во добивка. Ќе имаме почист воздух, намалена злоупотреба на горивата и стабилизирање на пазарот.

– На крајот сакаме да потенцираме дека промените се двигател на општеството, особено во вакви случаи кога не постојат контра аргументи и е за доброто на сите граѓани на државата – додаваат од „Gulf Oil“.

 

Поврзани содржини