Gulf Oil и Гранит ги обезбедија првите 13.000 брзи тестови за ковид-19

Од Министерството за здравство велат дека овие брзи тестови ќе се користат за да се утврди дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19.

373

Денеска во Министерството за здравство пристигнаа 3.000 од вкупно 13.000 брзи тестови за ковид-19 кои ќе бидат бесплатни за граѓаните, а се донација од две компании, Gulf Oil и Гранит. Се работи за најнова технологија, со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот ковид-19

– Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13-те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за да се утврди дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19  –  велат од Министерството за здравство.






Од компанијата Gulf Oil велат дека ќе продолжат да помагаат и понатаму.

– Нашата компанија активно учествува во борбата против ковид-19 уште од самиот почеток на пандемијата и ќе продолжи да помага на граѓаните онаму каде што е најпотребно. Веруваме дека со брзите тестови кои ги донираме ќе се намали периодот на чекање и ќе им овозможи на здравствените работници побрзо да реагираат и да ги третираат пациентите. Се надеваме дека ќе се појават уште компании како Гранит кои ќе се приклучат на нашето проактивно делување – велат од менаџментот на компанијата Gulf Oil.

Поврзани содржини