„Gulf oil“ бара измени во правилниците за регулирање на густината на нафтените деривати

468

Компанијата „Gulf oil“ бара да се разгледаат последните одлуки на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и да се донесе квалитетно решение со заедничка соработка, бидејќи, како што предупредва, на крајот најголемата штета ќе биде направена врз граѓаните на Република Северна Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи промени во правилникот за формирање цени на нафтени деривати, конкретно во делот на густината на нафтените деривати, кои влијаат неповолно врз работата на компаниите кои се занимаваат со трговија со нафтени деривати и горива за транспорт, реагира „Gulf oil“.






„Честите промени во стандардите и во работењето го дестабилизира пазарот на нафта и нафтени деривати, спротивно на напорите на компаниите да го либерализираат и стабилизираат целосно. Последната промена за новите густини на нафтените деривати и горива за транспорт кои се основа за сите давачки кои произлегуваат од купопродажбата и транспортот на горивата, ги присилуваат нафтените компании да работат во загуба, особено во делот со малопродажба. Посочени беа и примери за успешно функционирање од други земји во регионот“, се наведува во соопштението од „Gulf oil“.

Оттаму испратија табела во која се споредуваат регионалните износи за густини

Густина (кг/л) Хрватска

(пред либерализација)

Црна Гора

(актуелна)

Словенија

(регулирани вон автопатите)

ДИЗЕЛ 0,845 0,850 0,845
БЕНЗИН 0,755 0,772 0,755

 

 

Поврзани содржини