„Gulf oil“ апелира: Сите кои ги посетуваат нашите бензински пумпи да ги почитуваат препораките

610

„Gulf Oil“ испраќа апел до сите граѓани на да ги следат препораките на Министерството за здравство, Владата на РСМ и Светската здравствена организација.

„Воедно ве информираме дека ги презедовме сите мерки за превенција на ширење на вирусот на сите наши бензински пумпи преку дезинфекција на целите објекти и обезбедување средства за дезинфекција и заштита на вработените и на потрошувачите кои вклучуваат заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција и други помагала кои се на располагање на сите потрошувачи, како и на самите вработени.






Дополнително, најголемиот дел од вработените се ослободени од доаѓање на работното место и воведен е нов режим на работа од дома, освен за вработените на пумпите и на транспортните возила на Gulf, за кои се преземени посебни мерки за нивна заштита меѓу кои и посебен распоред на работа“, соопшти компанијата.

Gulf Oil ги прави сите напори за да продолжи да ги снабдува сите свои бензински пумпи и сите клиенти со квалитетни нафтени деривати, како и досега, но со огромно внимание и претпазливост за превенција и заштита. Досега сите активности се одвиваат со нормален ред и без никаков застој.

„Целата наша работа е насочена кон непречено обезбедување на нашите услуги и производи до граѓаните на нашата земја. Ги повикуваме сите граѓани и сите кои ги посетуваат нашите бензински пумпи да ги почитуваат препораките од институциите за да може непречено да се одвива работата на сите компании, како и снабдувањето со гориво во нашата земја, како основен енергетски ресурс“, велат од компанијата.

– Се наоѓаме пред голем и сериозен предизвик од кој можеме да излеземе како победници само и само ако работиме сите заедно и секој еден преземе лична одговорност кон себе и своите блиски во дисциплината на почитување на мерките за заштита. Овие мерки се донесени за доброто на сите нас и ова ќе биде најголемиот тест за нашата грижа едни кон други – порачуваат од менаџментот на компанијата.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини